Утрински Весник
Македонија

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Foto Orhan Murtezani.jpg

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денес престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).

Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со  безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор


Можете да прочитате

Февруари во Кинотеката: Тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање

„Децата ни изгореа, а вие зборувате за небрежност“ – таткото на загинатата Надица со жестока порака до адвокатката Коцевска

Полициска акција во Аеродром – Апсења, дрога и одземен мотоцикл