Утрински Весник
Македонија

Работилница за наставници од основните училишта „Собранието и граѓанското образование“

1707472126 unnamed file.webp.webp

Во Собранието денеска ќе се одржи работилница за наставници од основните училишта насловена „Собранието и граѓанското образование“.

Работилницата ќе ја отворат Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт и Бобан Стојаноски, заменик-генерален секретар на Собранието. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на дискусијата посветена на  „Неформална наспроти формална политичка едукација (состојби, перспективи и можности за соработка). На оваа сесија ќе зборува и Марина Димитриевска Георгиевска од Бирото за развој на образованието, пратеници од Комисијата за образование, наука и спорт, Роберт Скот Хајзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт, како и експертот Виктор Новаковски, кој исто така ќе зборува и за новиот курикулум „Истражувачко новинарство“. 

На настанот ќе има и претставување на едукативните активности на Парламентарниот институт и промоција на електронските системи за пријавување.

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија