Утрински Весник
Спорт

Рајковиќ: Димитријевиќ беше незапирлив – 24info.mk

20240306083201 big 730x400 73.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ, го пофали сонародникот и македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој го предводеше УНИКС до триумф во вчерашното дерби во ВТБ-лигата.

ЦСКА загуби со 78:84 и го претрпе четвртиот пораз во низа од тимот од Казан.

– Честитки до УНИКС и особено до Димитријевиќ, кој беше незапирлив денеска. Користевме различни типови на одбрана, различно браневме пик-ен-рол, се обидувавме да удвоиме, но секој пат тој брзо наоѓаше продолжение на нападот и играше ефективно еден на еден. Имавме моменти кога имавме водство и го контролиравме натпреварот. Но, во клучните моменти УНИКС и особено Димитријевиќ играа подобро. Мора да најдеме начин да дејствуваме построго и поконцентрирано. Дополнително, постојано пропуштаме можности за лесни шутеви, тоа не чини многу“, изјави македонскиот тренерот.

Димитријевиќ постигна 38 поени на оваа средба, со што го обнови неговиот рекорд во кариерата.

Во моментов ЦСКА со 22 победи и седум порази е на второто место во групата А. Клубот од Казан е лидер со 23 победи и шест порази.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025