Утрински Весник
Магазин

„Рајанер“ ја исмејува Хрватска по поразот од Аргентина: „Следно слетување – Задар“

„Рајанер“ ја исмејува Хрватска по поразот од Аргентина: „Следно слетување – Задар“

„Рајанер“, ирска авиокомпанија со седиште во Даблин, на социјалните мрежи се пошегува на сметка на поразот на Хрватска од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Целосно внимание на најдобриот на сите времиња. Следно застанување – Задар“, напишаа покрај фотомонтажа на Меси како ги исмева Модриќ и Петковиќ во авионот.

Ирската авиокомпанија и претходно објавуваше провокации на сметка на испаѓањето на Шпанија и Англија од првенството.

„Се враќаат дома“, твитна „Рајанер“ исмевајќи ги Англичаните. Фотографијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи.

Авиокомпанијата се соочи со бурни реакции откако ja исмеја Англија со дрзок твит. Повеќето корисници на социјалните мрежи беа бесни за шегата, а некои коментираа: „Само што изгубивте многу клиенти со овој твит“.

Друг корисник на „Твитер“ напиша: „Поправете ме ако грешам, но Ирска никогаш не влезе во групната фаза, а камоли да излезе од неа за осмина-финале или подоцна“.

Кога Шпанија беше елиминирана, авиокомпанијата сподели фотографија од нивната репрезентација качена на авион во лет.

„Сте слушнале за elf on the shelf (џуџе на полица), a сега подгответе се за логично продолжение на реченицата… Spain on the plane!“ (Шпанија во авион).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста