Утрински Весник
Свет

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина

Putin3.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските вооружени сили бележат стабилен напредок долж целата линија на фронтот во Украина, со посебен акцент на Донбас, како и на јужните региони Запорожје и Херсон. На телевизиски брифинг за состојбите на фронтот, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат на повеќе позиции и дека операциите за заземање на територии се одвиваат фазно и според утврден план.

Тој нагласи дека клучна улога во, како што рече, успесите на терен имаат руските војници и офицери, кои секојдневно покажуваат храброст и пожртвуваност. Путин им се обрати на припадниците на руската армија, заблагодарувајќи им за службата и честитајќи им ја претстојната Нова година, оценувајќи дека тие се пример за служба кон татковината. Командантот на руската групација „Днепар“, генерал-полковник Михаил Теплински, информираше дека руските сили се доближуваат до градот Запорожје и дека напредните единици се наоѓаат на околу 15 километри од неговите јужни периферии. Путин, при тоа, истакна дека е свесен за силно подготвената одбрана на украинските сили, но оцени дека задачите на терен се исполнуваат. Рускиот претседател најави продолжување на офанзивните дејствија во координација со источната групација, со цел, како што рече, „ослободување на Запорожје“.

Претходно, началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, соопшти дека руските сили напредуваат по речиси целата фронтова линија, додека украинската армија главно се фокусира на одбрана и обиди за контранапади. Според неговите податоци, годинава биле заземени 6.640 квадратни километри територија и 334 населени места, а напредокот во декември бил најинтензивен во текот на годината.

Можете да прочитате

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата