Утрински Весник
Свет

Путин: Шојгу да поднесе извештај за испорака на оружје на руската армија во Украина

Путин: Шојгу да поднесе извештај за испорака на оружје на руската армија во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да поднесе извештај за снабдувањето на руските воени единици со оружје, униформи, панцири, опрема за камуфлажа и други воени потреби во Украина, објави денеска веб-страницата на Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Рокот за поднесување на извештајот е 1 февруари, пренесува Тас с.

Во исто време, Путин им нареди на Министерството за здравство на чело со министерот Михаил Мурашко и Министерството за одбрана на Русија да ја разработат можноста за лекување и закрепнување на ранетите руски војници во цивилните болници.

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи