Утрински Весник
Свет

Путин: Русија ги надмина сите земји од Г7, наскоро ќе станеме една од четирите најголеми економии во светот

Putin.jpg

Минатата година Русија ги престигна сите земји од Групата седум (Г7) по економски раст, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

-Минатата година руската економија порасна со стапки кои беа повисоки од глобалните. Според овој критериум, ги претекнавме не само водечките земји на Европската унија, туку и сите земји од Г7 – рече Путин во обраќањето пред Федералното собрание за состојбата на нацијата.

Тој исто така изрази уверување дека Русија во блиска иднина ќе стане една од четирите најголеми светски економии, пренесува ТАСС.

Путин рече дека богатите поединци и компании може да плаќаат повисоки даноци во иднина.

-Предлагам да размислиме за пристапи за модернизација на нашиот фискален систем – изјави претседателот на Русија, додавајќи дека даночното оптоварување треба да биде поправедно распределено.

Тој посочи дека е неопходно да се удвојат државните и деловните инвестиции во истражување и развој на два отсто од БДП, пренесува Комерсант.

– Уделот на домашните високотехнолошки производи на домашниот пазар треба да се зголеми за 1,5 пати во текот на 6 години, а до 2030 година Русија треба да биде меѓу 25-те водечки земји по бројот на индустриски роботи – заклучи Путин.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков