Утрински Весник
Свет

Путин: Прекин на огнот и мировни преговори откако Украина ќе ги повлече војниците и ја прекине кандидатурата за НАТО

1706529468 unnamed file.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе го прекине огнот и ќе почне „веднаш“ мировни преговори доколку Украина ги повлече трупите од четири региони и се откаже од кандидатурата за членство во НАТО.

„Штом Киев ќе каже дека е подготвен да го стори тоа и ќе започне навистина да ги повлекува војниците и официјално се откаже од плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент, ќе го прекинеме огнот и ќе почнеме разговори“, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.

Можете да прочитате

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас

Турција заработи 65 милијарди долари од туризмот

Франција планира забрана за социјални медиуми за деца под 15 години