Утрински Весник
Свет

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Putin opshta profil.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца.

Законот утврдува казни за кршење на правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалоци на малолетници. Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица.


Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека тој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението