Утрински Весник
Свет

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му пренесе на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Москва ја поддржува политиката на „една Кина“ и го цени балансираниот став на Пекинг кон Украина.

dobivaj vesti na viber

За време на состанокот со Џинпинг на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан, Путин рече дека Русија се противи на „американските провокации“ во Тајванскиот теснец, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека обидите за создавање „униполарен свет“ се неприфатливи за повеќето земји.

„Обидите да се создаде униполарен свет имаа апсолутно грди форми. Тие се апсолутно неприфатливи за огромното мнозинство земји во светот“, рекол Путин.

Според „Спутник“, Путин истакнал дека Русија ги осудува „провокациите на САД и нивните сателити“ во Тајванскиот теснец и цврсто се придржува до принципот „една Кина“.

Ова е прва средба меѓу Путин и Џинпинг откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари оваа година, пишува медиумот.

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура