Утрински Весник
Свет

Путин: Новите предизвици се сериозни и значајни

Путин: Новите предизвици се сериозни и значајни
Dik 300x250 mk

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека земјата треба да го забрза донесувањето одлуки во врска со воената кампања во Украина.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на првиот состанок на новиот координативен совет за управување со работата на владата на внатрешниот план, Путин рече дека е неопходна засилена координација на владините структури и региони, пренесе „Ројтерс“.

Зборувајќи за безбедноста во Русија, тој истакна дека новите предизвици се сериозни и значајни и ги повика членовите на координативниот совет да ја приспособат значајната работа во новиот формат, пренесува „РИА новости“.

„Сега има нови предизвици. Тие се сериозни, значајни. Ова, повторувам, важи и за активностите на агенциите за спроведување на законот, блокот на сили, Министерството за одбрана. Но, исто така важи и за целата цивилна компонента“, рече Путин.

Тој побара од сите да се вклучат во значајната работа во новиот формат.

„Доколку работиме во рамките на стандардните бирократски процедури, се криеме зад формалности, нема да го добиеме посакуваниот резултат во ниту еден правец. А токму за да се реши сѐ побргу и поефикасно, создадовме механизам како што е координативниот совет“, додаде Путин.

 

 

Можете да прочитате

Шестмина починати во САД откако јаделе готови тестенини

Во Европа има 13,25 милиони невработени

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал