Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин: Можеби повторно ќе се повлечеме од договорот за украинското жито

Путин: Можеби повторно ќе се повлечеме од договорот за украинското жито
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија го задржува правото повторно да се повлече од меѓународниот договор за извоз на украинско жито преку Црното Море, на кој се врати денеска откако се повлече, како што тврди Москва, поради нападите со беспилотни летала врз Црноморската флота, во близина на Крим.

dobivaj vesti na viber

„ Побаравме гаранции од украинската страна дека никогаш повеќе нема да се случи нешто како нападот на Крим и дека хуманитарните коридори нема да се користат за воени цели“, изјави Путин на состанокот на рускиот Совет за безбедност.

„ Од турската страна преку Министерството за одбрана пристигнаа информации дека Украина дала гаранции дека хуманитарните коридори нема да се користат за воени цели. Затоа издадов наредба до Министерството за одбрана да продолжи со учеството на Русија во договорот“, рече Путин.

„ Во исто време, Русија го задржува правото да се повлече од договорот доколку Украина ги прекрши гаранциите“, додаде рускиот претседател.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари