Утрински Весник
Свет

Путин можеби им подготвува стапица на борците на „Вагнер“, предупреди Институтот за војна

Путин можеби им подготвува стапица на борците на „Вагнер“, предупреди Институтот за војна

Владимир Путин можеби им поставува стапица на борците на „Вагнер“ со тоа што ја претставува Белорусија како безбедно засолниште, наведува американскиот Институт за војна.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател им рече на членовите на таа група дека имаат три опции по прекинатиот бунт: првата беше да се пријават да служат во Русија, втората беше да се повлечат и да живеат цивилен живот или да го следат нивниот лидер Евгениј Пригожин во Белорусија.

Но, Институтот за проучување на војната верува дека Кремљ, најверојатно, ќе ги смета за предавници оние што бегаат во соседна земја поради што верува дека приказната за Белорусија може да биде замка за „вагнеристите“.

Путин вети дека „Вагнер“ може да оди во Белорусија, а вчера рече дека ќе го исполни ветувањето.

 

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk