Утрински Весник
Свет

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета

Putin.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со постојаните членови на Советот за безбедност за одговорот на нуклеарните вежби на САД и ја оцени ситуацијата околу најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови како сериозно прашање.

Рускиот претседател додаде дека Советот за безбедност ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД, пренесуваар руските медиуми.

Путин, исто така, изјави дека Москва ќе биде принудена да преземе соодветни мерки доколку потписниците на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови одлучат да спроведат нуклеарни тестови.

Истовремено, тој нагласи дека Русија нема намера да се повлече од овој договор.

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, испрати телеграма во врска со разјаснувањето на изјавите на Трамп за нуклеарните тестови.

Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, изјави дека пратениците се загрижени поради изјавите на Трамп за продолжување на американските тестирања на нуклеарно оружје.

Американската врховна команда за глобален удар тестираше лансирање на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Минутмен III“ од воздухопловната база „Ванденберг“ во Калифорнија порано денес.

Тестот, означен како GT 254, имаше за цел да ја потврди сигурноста, оперативната подготвеност и точноста на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), кој е клучен елемент на националната одбрана на САД, според официјалното соопштение од воената база „Ванденберг“

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија