Утрински Весник
Свет

Путин: Ги напаѓаме украинските електрани, но кој почна прв?

Путин: Ги напаѓаме украинските електрани, но кој почна прв?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина и покрај бранот глобални критики поради нападите кои оставија милиони луѓе без струја и вода на почетокот на зимата.

dobivaj vesti na viber

„Има многу врева за нашите удари врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но кој почна прв?“, рече Путин на церемонија на доделување награди што се одржа денеска во Кремљ. Додае дека критиките нема да ги попречат нивните борбени мисии.

Нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, Путин ги опиша како одговор на експлозијата на мостот на Крим и други напади, обвинувајќи го Киев за кревање во воздух на далноводните кабли од нуклеарната централа Курск, но и за прекин на водоснабдувањето во Доњецк.

„Прекинот на водоснабдувањето на град со повеќе од милион жители е чин на геноцид, рече Путин“, обвинувајќи го Западот за „тотален молк“ по ова прашање.

„Штом преземеме акција и направиме нешто како одговор, веднаш се крева врева“, изјави рускиот претседател.

Голем број западни функционери ги нарекоа руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина воено злосторство.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата