Утрински Весник
Свет

Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад

20250217112419 Big 730x400 55.webp.webp

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, утре ќе се сретнат со американски претставници во Ријад.

Оваа информација ја потврди портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој изјави дека Лавров и Ушаков денеска ќе отпатуваат за Ријад по инструкции на Владимир Путин.


– Се очекува во вторник во Ријад да одржат состанок со американските колеги, кој пред сè ќе биде посветен на обновување на целиот спектар на руско-американските односи, рече Песков.

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф,синоќа потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни преговори меѓу САД и Русија за завршување на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Виткоф веќе се сретнал со Путин на „многу долг разговор, кој траеше околу три часа“.

Виткоф, милијардер и инвеститор во недвижности, кој е близок пријател на Трамп, неодамна престојувал во Москва за да обезбеди ослободување на американски учител затворен поради поседување марихуана.

Се очекува и државниот секретар на САД, Марко Рубио, да се сретне со руските претставници во Саудиска Арабија.

На состанокот ќе присуствуваат и советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Мајк Волц, како и Виткоф. 

Можете да прочитате

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот

Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани поради поплави во јужна Кина

„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување