Утрински Весник
Свет

Путин: Експлозијата на мостот на Крим е терористички напад на украинските специјални служби

Путин: Експлозијата на мостот на Крим е терористички напад на украинските специјални служби

Руските власти не се сомневаат дека инцидентот на мостот на Крим е терористички напад врз критична цивилна инфраструктура, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи ги за овој чин украинските специјални служби.

dobivaj vesti na viber

– Како што штотуку објавивте, нема сомнеж. Станува збор за терористички чин чија цел е уништување на критичната цивилна инфраструктура на Руската Федерација – рече тој на средбата со шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин, пренесе ТАСС.

Путин рече дека извршители и нарачатели на експлозијата биле специјалните служби на Украина, додека истражителите утврдиле дека сопственик на камионот во кој се наоѓал експлозивот бил жител на Краснодарската територија, пренесува Риа Новости.

Претседателот на Истражниот комитет тогаш најави поведување на кривична постапка по написот „тероризам“.

Тој го информираше шефот на државата и за идентитетот на осомничените кои учествувале во подготовката на бомбашкиот напад.

Безбедносните камери го покажуваат моментот на експлозијата на мостот на Крим.

Да потсетиме, на 8 октомври рано наутро одекна експлозија на камион на мостот на Крим, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз кој се движеше по железничкиот дел од мостот.

Од експлозијата делумно пропаднале две коловозни ленти, додека потпорите не се оштетени.

Во експлозијата загинаа три лица – патници од автомобилот што бил до камионот.

Истиот ден на мостот беше обновен сообраќајот, но само за автомобили.

Малку подоцна беше обновен и железничкиот сообраќај.

Сепак, камионите и автобусите мора да го користат траектот, што е само привремена мерка, како што најави шефот на Кримската област Сергеј Аксјоносв,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно