Утрински Весник
Свет

Путин: Ќе се спротивставиме на западните санкции и провокации

Најразвиените земји во светот го планираат најсилниот удар за Русија досега

Рускиот претседател, Владимир Путин, во вторникот им рече на азиските сојузници дека рускиот народ е пообединет од кога било досега, во неговото прво појавување на меѓународен форум по краткотрајниот бунт од минатиот месец на платеничката група Вагнер на Евгениј Пригожин.

dobivaj vesti na viber

„Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега. Руските политички кругови и целото општество јасно го покажаа своето единство и високото чувство за одговорност за судбината на татковината кога одговорија на обединет начин на обидот за вооружен бунт“, рече Путин.

Бунтот на Вагнер беше решен со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Путин им се заблагодари на армијата и безбедносните служби што спречија хаос и граѓанска војна. Во својот говор Путин рече и дека Русија ќе се спротивстави на западните санкции и „провокации“.

Тој исто така кажа дека Москва планира да ги зајакне врските со Шангајската организација за соработка и ја поддржа транзицијата кон плаќањата во локална валута во надворешната трговија. Предупреди дека потенцијалот за конфликти и ризикот од светска економска криза е во пораст.

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија