Утрински Весник
Свет

Путин дојде во униформа на големата воена вежба на источната граница на НАТО

A795c9c5 68ff 49c0 987d a05ed915daa6.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија „Запад 2025“, која се одржува со денови во близина на источните граници на НАТО.

Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека 100.000 војници учествуваат во маневрите на 41 копнено и море, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема.


Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројките покажуваат значително поголема мобилизација.

Последната воена вежба „Запад“ беше одржана во 2021 година, кога учествуваа 200.000 војници. Тогаш беше создаден контингент кој беше преместен на границата со Украина непосредно пред целосната инвазија.

Тековните маневри се одвиваат делумно во Балтикот и во близина на источните граници на НАТО. На нив им претходеа упади на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот.

Воената вежба „Запад-2025“, заеднички проект на Русија и Белорусија, започна пред четири дена и ќе заврши денес. Маневрите се одржуваат на повеќе полигони за обука во Белорусија и Русија, вклучувајќи ги и регионите што граничат со земјите-членки на НАТО.

Вежбата вклучува симулации на одбранбени и офанзивни операции, обука за соработка меѓу вооружените сили на двете земји и сценарија што вклучуваат употреба на напредно оружје како што се хиперсоничните ракети „Орешник“.

Поради оваа вежба, Полска привремено ја затвори границата со Белорусија.

Можете да прочитате

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта