Утрински Весник
Свет

Путин ја претстави новата руска подморница на нуклеарен погон

20250329122911 Big 730x400 91.webp.webp

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера во Мурманск присуствуваше на лансирањето на новата нуклеарна подморница, опремена со хиперсонични проектили Циркон.

Подморницата го носи името Перм, по градот во Урал и е прва вооружена со хиперсоничните ракети Циркон, чиј дострел е до 1.000 километри и летаат деветпати побрзо од звукот.


– Продолжуваме да произведуваме модерни ракетни подморници, ова е петта подморница во рамките на проектот „Јасен-М“. Очекуваме следната година подморницата да биде дел од морнарицата и да извршува борбени задачи, истакна Путин.

Тој најави зајакнување на руската воена морнарица и опремување со најсовремено оружје, технологија и комуникациски системи.

– Овие подморници и бродови дополнително ќе ја зајакнат нашата флота, ќе ја зајакнат безбедноста на поморските граници на Русија и ќе обезбедат заштита на Северниот морски пат. Тоа ќе помогне да се зачуваат националните интереси на Русија во различни делови на Светскиот океан, вклучувајќи го и Арктикот, кој денес има исклучително економско, логистичко и стратешко значење во контекст на зголемената глобална конкуренција. Ќе продолжиме да правиме се за сигурно да го заштитиме територијалниот интегритет и суверенитет на Русија и да го консолидираме нејзиниот статус како водечка поморска сила, посочи Путин. 

Можете да прочитате

Трамп утре воведува нови царини, потврди Белата куќа

Зеленски в петок ќе разговара за распоредување на меѓународен контингент во Украина

Големо мнозинство Европејци поддржуваат одмазднички царини против САД