Утрински Весник
Свет

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања

20251219200251 big 730x400 63.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Годишната прес-конференција за медиумите на рускиот претседател Владимир Путин траеше 4,5 часа, при што тој одговараше и на претходно избрани прашања, телефонски јавувања и пораки од граѓаните, кои беа прикажувани на голем екран.

Кремљ соопшти дека добил 2,6 милиони прашања, а прес-конференцијата ја претстави како демонстрација на отвореноста на Путин и неговата грижа за граѓаните.

Путин најмногу се осврна на војната во Украина, на односите на Русија со Западот и со ЕУ, санкциите, економијата. Но, тој одговараше и на бизарни, на лични прашања и пораки од граѓаните.

Граѓаните се жалеа на прекините на интернетот, на водата за пиење, на високите животни трошоци и на лошите јавни услуги. Делот на кој Путин одговараше на прашања на граѓаните беше наречена „директна линија“, а во една од пораките беше наведено дека тоа е „циркус, а не директна линија“.

Во една од пораките беше поставено прашањето зошто обичните Руси се во полоша состојба од луѓето во Папуа Нова Гвинеја.

Путин беше прашан дали е вљубен, а тој позитивно одговори, како и на прашањето дали понекогаш тајно се вози низ Москва за да разбере што се случува во Русија.

Рускиот претседател беше прашан и дали има вистински пријател.

Според РИА Новости, Путин одговорил – „мораме да разбереме што е вистинско пријателство, тоа е целосно несебично. Луѓето околу Путин воздржано и достоинствено се однесуваат, а тој не се срами од нив“.

Студентот Кирил Бажанов (23) ја запроси својата девојка Олга, тврдејќи оти таа ја гледа прес-конференцијата на телевизија. Бажанов го покани Путин на свадба, а потоа го праша за финансиската поддршка за младите семејства.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична