Утрински Весник
Македонија

Пуштен во употреба нов парк во населба Илинден

Пуштен во употреба нов парк во населба Илинден

Денеска беше пуштен во употреба новоизградениот парк во населеното место Дељадровци во Општина Илинден. Паркот се простира на површина од над 600 квадратни метри, хортикултурно уреден, со пешачка патека, поставено е осветлување, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, како и озеленување на просторот, известуваат од општината.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден посветува внимание на зеленилото и во иднина ќе се зголемува парковската површина со цел да се добие убаво уреден простор како и место за дружба и рекреација на жителите од сите населени места.

– Овој дел во Дељадровци долго време беше запоставен, но со изградбата на паркот доби сосема нов лик, посочуваат од општината.

Оттаму соопштуваат дека општината во изминатиот период интензивно работи на изградба и реконструкција на паркови и детски игралишта, со цел уредување на одредени делови во населените места на нејзина територија.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат