Утрински Весник
Спорт

Пулишиќ стрелец на 5.000. гол на Милан во Серија А

3931941 79871588 2560 1440.jpg

Во 29. коло во италијанското фудбалско првенство, Милан рутински ја совлада Верона на на „Бентегоди“ со 3:1.

Крилниот напаѓач, Кристијан Пулишиќ во 50. минута ја зголеми предноста на Милан на 2:0.

Тој гол е 5.000. за Милан во Серија А. Претходно оваа бројка во Серија А ја минаа Интер и Јувентус.

Претходно во историјата на клубот влегоа следните играчи:

1.000 гол: Гунар Нордал (Шведска), 28 мај 1950 година – Милан – Рома (6:2)
2.000: Паоло Ферари (Италија), 31 мај 1964 – Спал – Милан (2:4)
3.000: Даниеле Масаро (Италија), 8 декември 1991 година: Милан – Торино (2:0)
4.000: Кака (Бразил), 26 август 2007: Џенова – Милан 0:3

На табелата во Серија А, води Интер со 76 бодови, втор е Милан со 62, трет Јувентус со 59, а четврта Болоња со 54.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига