Утрински Весник
Македонија

Пукотници низ Скопје, жртви од сообраќајки, пожар во Кочани – една година Влада со премногу загубени животи

Policija cair pukanje ubistvo bunjaku nas.jpg

Измина точно една година од формирањето на Владата. Наместо период на стабилност и економски развој, јавноста остана заробена во црната хроника – со вестите за убиства, трагични сообраќајки, пожари и системска нефункционалност.

Во изминатите 12 месеци, Скопје се претвори во град на пукотници. Вооружени пресметки на отворено, убиства среде населени места и серија криминални случувања откриваат сериозни безбедносни пропусти. Полицијата честопати реагира задоцнето, а казнивоста речиси и да не постои. Главниот град личи на небезбедна зона каде граѓаните се чувствуваат незаштитено и изложено.


Патиштата во Македонија во истовремениот период станаа еден од најсмртоносните фактори во државата. Расте бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајни несреќи. Анализите покажуваат дека дел од трагедиите можеле да бидат спречени со поефикасна инфраструктура, сообраќајна сигнализација и присуство на надзор. Владините ветувања за „паметни патишта“ и модерни сообраќајни решенија останаа само на хартија.

Помина и една година од големиот пожар во Кочани кој уништи животи, домови и повлече сериозни материјални штети. И покрај јасните недостатоци во системот за справување со елементарни непогоди, не беше преземена одговорност ниту беше понуден јасен план за надминување на недостатоците. Во Кочани, но и низ цела држава, граѓаните останаа сами на себе во критични моменти.

Во годината зад нас, не доминираа теми за реформи, напредок и меѓународни достигнувања. Доминираше бројот на трагедии, жртви и институционален молк. Најголемиот дел од случаите останаа без одговорност, без реакција и без системски одговор.

Една година по доаѓањето на власт, граѓаните не зборуваат за нови инвестиции, повисоки плати или подобрување на здравството и образованието. Зборуваат за убиство на малолетник, за престрелка во центар на Скопје, за семејства уништени во сообраќајки, за пожар што не бил изгаснат навреме. Зборуваат за несигурност.

Можете да прочитате

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се покаже на изборите

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар