Утрински Весник
Балкан

Пукање во ромските населби по протестите во Ново Место

Novomesto.webp.webp
Dik 300x250 mk

Синоќа имало пукање кај ромските населби Жабјак и Шмихел кај Ново Место во Словенија, потврдија од полициската управа Ново Место.

Засега нема информации за повредени, а специјална полициска единица и специјални единици се на местото на настанот и го пребаруваат местото.


Според градоначалникот Грегор Мацедони, на отворената површина се слушнале повеќе рафални истрели.

„За жал, ова е една од честите појави во нашиот град. Многу пати предупредив дека имаме премногу оружје, кое треба да се отстрани од дофат на деца и нестабилни лица“, изјави Мацедони за словенечките медиуми.

Истрагата за пукањето во близина на Жабјак и Шмихел сè уште е во тек, а полицијата ги повикува граѓаните да се држат подалеку од областа додека трае истрагата.

Инцидент по бурната седница и масовните протести

Пукањето се случило веднаш по завршувањето на вонредната седница на градскиот совет, каде што претставници на словенечката влада презентирале голем број мерки за борба против криминалот и таканаречениот „Шутаров закон“.

Законот е именуван по Алеш Шутар, 48-годишен угостител од Ново Место, кој беше убиен минатиот викенд пред локален ноќен клуб додека се обидувал да го одбрани својот син од напад на група Роми.

Вчера, истражен судија во Ново Место одреди притвор за Сабријан Јурковиќ, 21-годишен осомничен за убиството на Шутаре.

Шутар, угостител од Ново Место, беше убиен ноќта од петок кон сабота додека го заштитувал својот син, кој бил малтретиран од група Роми пред локалниот ноќен клуб „Патриот“. Кога се обидел да му помогне на синот, еден од напаѓачите го удрил во главата, предизвикувајќи му тешки повреди на главата, внатрешно крварење и фрактура на цервикалниот пршлен, што довело до неговата смрт. Судот објави дека осомничениот, Јурковиќ, не се изјаснил за виновен. Тој се соочува со казна затвор од пет до петнаесет години.

Можете да прочитате

Во Босна и Херцеговина се апсат полицајци поради сексуална злоупотреба на деца

Зграда се урна во Турција, неколку лица заробени под урнатините

Тешка сообраќајка во Србија, едно дете загина, седум се повредени