Утрински Весник
Свет

Пукање во Лондон, повредени неколку лица

Capture.jpg

Три лица се повредени во пукотница во Клапам, јужен Лондон, соопштија денеска локалните власти.

Итната помош била повикана на терен околу 17:00 часот.

Две лица се здобиле со повреди од сачмарка, а третото е повредено од удар со мопед, пишува Дејли мејл.

Полицијата трага по напаѓачот кој од мопед застрелал две лица во паб, додека третото лице е „прегазено“ додека осомничениот бегал од местото на настанот.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници