Утрински Весник
Балкан

Пукање во Бар, убиен припадник на Шкаљарскиот клан, пишуваат црногорските медиуми

Crnogorska policija.jpg

Малку по девет часот во Бар се случила престрелка во која загина едно лице. „Вијести“ доби неофицијална потврда од Управата на полицијата дека е убиен член на организирана криминална група.

Мондо“ пишува дека е убиен 29-годишниот Е.М., припадник на Шкаљарскиот клан. Е.М. и претходно и бил познат на полицијата, а во последно време се шпекулира дека се свртел против Шкаљарскиот клан и дека давал информации на противничкиот клан.

Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители. Локалните медиуми јавија дека напаѓачот избегал со мотор. На местото на настанот пристигнала полиција и брза помош. Во тек е полициска истрага по што треба да се знаат повеќе информации.

Можете да прочитате

Хотелите во Будва бараат 5.000 сезонски работници

Милановиќ: Постои држава која овозможува зајакнување на Србија, да не е Израел?

Еди Рама се расправаше со новинари