Утрински Весник
Свет

Пукање во Америка, има загинати

Screenshot 2023 06 07 084430

Три лица загинаа во престрелка во станбен комплекс во Арлингтон, Тексас, соопшти полицијата.

Властите во Арлингтон соопштија дека пукањето се случило околу 20.30 часот по локално време во четвртокот, објави КТВТ-ТВ.

Полицајците пронашле тела на три жртви, кои починале од прострелни рани во куќа на Чатам Грин Лејн, пренесува АП.

Арлингтон се наоѓа на 15-ина милји источно од Форт Ворт и на 20-ина милји западно од Далас.

 

Можете да прочитате

Зеленски по повод четири години од почетокот на војната во Украина: Путин не ги постигна своите воени цели

Петнаесет лица загинаа при пад на воен хеликоптер во Перу

Фон Дер Лајен пристигна во Украина на четвртата годишнина од почетокот на руската офанзива