Утрински Весник
Свет

Пукање пред училиште во Германија

Пукање пред училиште во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пред училишниот центар во германскиот град Зигбург денеска се слушнаа пукотници по што следеше брза реакција на полицијата.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по истрелите од пушка, пред училиштето биле испратени околу 200 полицајци, а меѓу нив имало и припадници на специјалната единица од Келн и Дизелдорф.

Приведени се неколку лица кои одговараат на описот на сведокот, меѓу кои и 16-годишник.

Полицијата во моментов ги испрашува приведените и проверува дали меѓу нив е и тој што пукал.

Според Билд, најмалку едно лице пред зградата испукало два истрела од пушка во воздух, а еден сведок на полицијата и рекол дека се работи за лице чие лице не се гледало.

Во овој инцидент нема повредени, а засега не е јасно дали се работи за вистинско оружје.

На местото на настанот се пронајдени неколку петарди и други пиротехнички средства.

Веднаш по настанот, на паркингот училиштето, полицијата открила сомнителен предмет под автомобил.

Поради овој случај, полицијата привремено го прекина железничкиот сообраќај и ја затвори железничката станица Зигбург, а го забрани и пристапот до училиштето, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати