Утрински Весник
Свет

Пукање пред училиште во Чикаго, две момчиња се убиени а уште две се повредени

Пукање пред училиште во Чикаго, две момчиња се убиени а уште две се повредени

Двајца ученици се убиени, а уште две деца се ранети во пукање во близина на средно училиште во Чикаго, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на полицијата соопшти дека пукањето се случило пред училиштето, нешто пред 15 часот во петокот, кога бил пријавен инцидентот.

Соопштено е дека четири деца биле пренесени во болница, каде кај едното момче било констатирана смрт веднаш по пристигнувањето, додека другото момче било во критична состојба и подоцна им подлегнало на повредите.

Други двајца тинејџери, момче и девојче, се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, изјави портпаролот на полицијата.

Соопштено е и дека истрагата е во тек и дека во соработка со училишните власти се собираат информации за сите детали од овој инцидент, наведува американската агенција.

Можете да прочитате

Трамп со предупредување до Израел за нападите во Сирија

Мерц: Диктиран мир во Украина нема да има

Ердоган: Нападите врз танкерите во Турската зона се закана за опасна ескалација