Утрински Весник
Македонија

Пуцко Петрол демантира дека за 5 милиони евра ја купил зградата на Бетон кај министерство за економија

Beton Scaled 1.jpg

Пуцко Петрол демантира дека ја купиле зградата на Бетон за 5 милиони евра, како што објави ТВ21 од своите извори.

„Фирмата ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ не се стекнала со имотот на Бетон“, појаснуваат од Пуцко Петрол ДООЕЛ Пласница.

Претходно, ТВ21 од свои извори објави дека за 5 милиони евра Пуцко Петрол ја купи зградата на Бетон на министерството за економија.

Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ го награди послушниот Уставен суд – само 24 часа по цензурирањето на Левица, уставните судии си добија покачени плати

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација

Уапсен во Косово осомничениот за убиството во Дуќанџик