Утрински Весник
Спорт

ПСЖ веруваат дека Мбапе има „пакт“ за бесплатен трансфер во Реал

ПСЖ веруваат дека Мбапе има „пакт“ за бесплатен трансфер во Реал

Како ќе заврши новата „сапуница“ помеѓу Килијан Мбапе и Пари Сен-Жермен никому не му е јасно, но во францускиот шампион се сигурни дека нивниот напаѓач веќе има договор да се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч во 2024 година, тврди „РМЦ спорт“.

dobivaj vesti na viber

Мбапе одбива да ја активира клаузулата и да го продолжи договорот до 2025 година, додека ПСЖ му даде ултиматум до крајот на месецот да го направи тоа, по што ќе биде поставен на фудбалскиот пазар. Сепак, сумата од 200 милиони евра која се најавува за Французинот нема да можат да си ја приуштат многу клубови. Реал Мадрид, секако, е еден од тие клубови и ПСЖ сметаат на тоа да заработат висока сума за својот најдобар играч.

Самиот Мбапе во моментов е во Камерун, земјата од каде што потекнува неговиот татко и менаџер, Вилфрид Мбапе, и секако, беше запрашан каде ќе игра следната сезона.

„Сега ќе играм во Камерун и тоа е најважно. Тука сум на одмор и сега размислувам само на Камерун“, изјави тој.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026