Францускиот првак Пари Сен Жермен како приоритет го означи ангажманот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, пишува „Ле Паризиен“.
Шампионот на Франција е во потрага по нов напаѓач, разгледуваше други опции како Хари Кејн и Виктор Осимен, но, сепак, на крајот ќе се насочи кон францускиот репрезентативец.
Според информациите, Англичанецот повеќе сака да се пресели во Баерн Минхен, додека нигерискиот напаѓач од Наполи е прескап за парижаните. За него Де Лаурентис бара отштета од 180 милиони евра.
24-годишниот голгетер на Ајнтрахт се наметна како главна цел на ПСЖ. Клубот од Франкфурт бара 100 милиони евра, додека парижаните во оваа фаза се подготвени да понудат околу 80 милиони евра.