Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ПСЖ се распрашува за Влаховиќ

ПСЖ се распрашува за Влаховиќ
Img 7972

ПСЖ започна да бара напаѓач кој ќе го замени Килијан Мбапе. Французите се сигурни дека Мбапе ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок. Пари Сен Жермен ја продолжува потрагата по нов напаѓач на таа екипа, а на списокот е и Душан Влаховиќ.

dobivaj vesti na viber

Инсајдерот Фабрицио Романо, објави, дека „светците“ следат четворица играчи. Романо е сигурен дека еден од нив е Душан Влаховиќ од Јувентус.

Според овој извор, челниците на ПСЖ стапиле во контакт со Јувентус за да дознаат кои се нивните барања и условите напаѓачот да се пресели во Париз.

Она што е сигурно е дека тимот од Торино ќе го продаде Влаховиќ само во случај на значајна понуда, однсоно за сума приближна на онаа која тие ја издвоија кога тој пристигна од Фиорентина. Пред 18 месеци, Јувентус за Влаховиќ издвои 82 милиони евра.

Покрај ПСЖ, како тшо пишуваат медиумите во Италија, за Влаховиќ се интересира и Челси.

Влаховиќ (23) минатата сезона за „старата дама“ одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица