Утрински Весник
Спорт

ПСЖ сака Меси да остане во Париз и следната сезона, ама за помала плата

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Францускиот првак Пари Сен-Жермен се обидува да го убеди Лионел Меси да потпише продолжување на соработката најмалку за уште една сезона, но челниците го замолиле да се согласи на намалување на високата плата. Аргентинецот оваа сезона заработува 41 милион евра плус дополнителни бонуси.

dobivaj vesti na viber

Според „Паризиен“, ПСЖ не може да исплати таква сума и следната сезона поради проблемите со финансискиот ферплеј. Минатата сезона клубот имаше негатива од 350 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот, па ќе мора голем дел од трошоците да биде намален за следната година.

Сепак, ќе биде голем проблем платата што ја доби Килијан Мбапе. ПСЖ одвои вистинско богатство ова лето да го убеди да не оди во Реал Мадрид. Се споменуваат неверојатни суми како награда за неговиот потпис за нова соработка.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари