Бразилскиот ас Нејмар сака да остане во Пари Сен Жермен до крајот на неговиот договор и нема намера да замине од Париз, тврди „Л’Екип“. И покрај најавите дека ПСЖ одлучил да го продаде, Нејмар има цврст договор со парижаните до 2027 година.
Бразилецот е повреден и нема да се опорави за реваншот против Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Желбата на Нејмар не зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ.
Од друга страна, раководството на клубот води преговори со Челси на лето да го продаде за сума од 60 милиони евра.