Утрински Весник
Спорт

ПСЖ понудиле 30 милиони евра за бразилски тинејџер

ПСЖ понудиле 30 милиони евра за бразилски тинејџер

Бразилскиот „УОЛ Еспорте“, пишува дека ПСЖ е подготвен да плати 30 милиони евра за 16.годишниот Ендрик од Палмеирас. ПСЖ подолг период се распрашува и го следи младиот напаѓач и сака што поскоро да ги обезбеди неговите услуги.
Ендрик може да пристигне во Европа во моментот кога ќе стане полнолетен, во јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Летово, со шест гола во седум настапи, тој го предводеше тимот на Палмеирас до 20 години до титулата победник на државниот куп на Сао Паоло.

Неколку европски великани се заинтересирани за него. Палмеирас на неговиот договор стави излезна клаузула од 60 милиони евра.

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа