Челниците на ПСЖ подготвуваат нова бомба на фудбалскиот пазар бидејќи подготвиле понуда за Хари Кејн. За потписот на Кејн, ПСЖ ќе се борат со Баерн Минхен.
Тимот од Париз во овој преоден рок остана без Лионел Меси, под знак прашалник е статусот на Нејмар, додека се уште не се знае што ќе биде со Килијан Мбапе.
„Светците“ направија смена на тренерската позиција, на местото од Кристоф Галтие дојде поранешниот шпански селектор, Луис Енрике.
ПСЖ во овој момент во ростерот нема класична „деветка“. Поради тоа ПСЖ 100 милиони евра за Кејн и веќе го контактирале претседателот на тимот од Лондон, Даниел Леви.