Фудбалскиот клуб ПСЖ објави дека Аргентинецот Лионел Меси тренираше со тимот. Клубот го суспендираше Аргентинецот во вторникот, откако тој претходно без најава замина во Саудиска Арабија.
Меси, тврди дека не се разбирал најдобро со раководството на клубот и заминал на Блискиот Исток. Клубот му ја задржа пола од месечната плата, а Аргентинецот преку социјалните мрежи им се извини на соиграчите.
„Мислев дека како и секогаш ќе имаме слободен ден по натпреварот. Патувањето веќе го имав организирано и не можев да го откажам. Поради обврските, претходно неколку пати го одложив ова патување. Им се извинив на соиграчите, ќе видиме што ќе реши клубот“, изјави Аргентинецот.
„Лео Меси се врати на тренинзите во понеделник наутро“, објави клубот на својот Твитер профил, сој фотографијата на Аргентинецот во акција.
⚽️🔛 Leo Messi back in training this Monday morning. pic.twitter.com/Neo6GEWEIm
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 8, 2023
Меси ја пропушти неделната победа против Троа, а тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие повторно не сакаше да ја коментира суспензијата која клубот му ја изрече на Меси.
Лео е на прагот на својата втора титула со францускиот клуб бидејќи ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со шест бода пред Ленс на четири кола до крајот.
Договорот на Меси истекува по завршувањето на сезоната, како сега стојат работите тој е подготвен да го напушти Париз.