Утрински Весник
Спорт

ПСЖ и официјално се раздели со Галтие

ПСЖ и официјално се раздели со Галтие

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и тренерот Кристоф Галтие договриле спогодбен раскин на соработката, една година пред истекот на неговиот договор, објави денеска Франс прес.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот тренер на Сент Етјен, Лил и Ница го напушта тимот од Париз по само една сезона, во која го освои францускиот шампионат, но доживеа неуспеси во Купот на Франција и Лигата на шампионите (елиминација во осминафиналето).

Разделбата беше позната и пред крајот на сезоната, сега се завршени само административните формалности. Според француските медиуми, Галтие разделбата ќе ја наплати со 10 милиони евра.

На клупата на ПСЖ најверојатно ќе биде заменет од поранешниот шпански селектор Луис Енрике, а потврда се очекува во текот на денот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина