Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го слави Мбапе како нов крал на стрелците во Париз

ПСЖ го слави Мбапе како нов крал на стрелците во Париз

Пари Сен Жермен го победи Нант со 4:2 на „Паркот на принцовите“, а Килијан Мбапе кој го постигна последниот погодок на овој меч, стана најдобар стрелец во историјата на клубот. На 24-годишна возраст тој има 201 гол зад своето име во дресот на ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Лео Меси го отвори резултатот во 12.минута, а Хаџам пет минути подоцна си постигна автогол за 2:0. Но, Нант успеа да израмни до полувремето со головите на Блас и на Ганаго.

Данило Переира во вториот дел повторно обезбеди предност за ПСЖ во 60.минута, а Мбапе го потврди триумфот во судиското продолжение.



Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина