Раководството на Пари Сен Жермен планира до почетокот на следната сезона да ја намали сумата наменета за платите на фудбалерите на клубот за цели 30 отсто.
Британски „Тајмс“ пренесува дека тоа во пракса значи дека еден од тројцата најдобри фудбалери на „светците“ Лионел Меси, Нејмар или Килијан Мбапе би морал да го напушти клубот од Париз или пак да им се намалат платите на сите играчи.
Меси има договор до крајот на сезоната, но сѐ уште не одлучил дали ќе ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен. Тој има годишен нето приход од 38 милиони евра.
Аргентинскиот фудбалер има понуди од неколку клубови, а во следните неколку месеци треба да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Клубот смета дека Мбапе мора да остане во Париз, а раководството на ПСЖ е блиску до одлука да го задржи Меси, но да го продаде Нејмар, кој има иста плата како аргентинскиот фудбалер.
Сепак, Бразилецот има договор со францускиот шампион до јуни 2025 година.
Пари Сен Жермен синоќа го победи Олимпик Марсеј во големото дерби во Франција со 0:3 и е блиску до нова титула, додека во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите беше поразен од Баерн со 0:1 и ги чека многу тешка работа во реваншот.