Утрински Весник
Свет

Првпат во Германија: Жителите ја добија истата порака на своите мобилни телефони

Првпат во Германија: Жителите ја добија истата порака на своите мобилни телефони

Во рамки на националниот ден на тревога во Германија, денес точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија дојави на своите мобилни телефони.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за тестирање на уредот за предупредување во случај на катастрофа. Жителите на Германија треба да бидат известени за опасни ситуации во иднина со помош на разни уреди за предупредување, пишува Fenix ​​Magazine.

За таа цел во Германија точно во 11 часот беа активирани различни уреди, како радио и телевизија, дигитални градски табли или апликации за предупредување.

За првпат во Германија највисокото ниво на предупредување беше испратено до десетици милиони мобилни телефони.

Никој не треба да инсталира апликации за да биде предупреден, а пораката стигна и до луѓето кои користат мобилен, а не паметен телефон.

Можете да прочитате

Русија го снабдува Иран со сателитски снимки и технологија за беспилотни летала

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран