Утрински Весник
Македонија

Прво се судриле па се запалило возилото – едно лице е повредено

Opozareno vozilo2.jpg

На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје” во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд”.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд”, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Можете да прочитате

Царина спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки

Први резултати од „Безбеден град“: За еден ден за половина намален бројот на сообраќајни прекршоци

Тетка пријавила во полиција повреди и опекотини на нејзиното двегодишно внуче