Утрински Весник
Свет

Првиот одмор на 27-годишен англичанец се претвори во пекол: Удрил со скутер во палма, во Турција

Првиот одмор на 27-годишен англичанец се претвори во пекол: Удрил со скутер во палма, во Турција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Англичанецот Кајл Бароу загина откако удри во палма додека се возеше на скутер на неговиот прв одмор во Анталија, Турција.

dobivaj vesti na viber

Овој 27-годишник од Манчестер патувал од градот Сиде до Кумкој, оддалечен околу 80 километри.

Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата можеле само да констатираат смрт на младиот човек.

Пријателите го опишаа како „легенда“, „човекот кој ја држеше целата група“.

Во спомен на нивниот пријател, пријателите на Кајл го истетовирале неговиот датум на раѓање и смрт на подлактицата.

Како што објави „Дејли Мејл“, Кајл изгубил контрола над скутерот и удрил во палма.

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур