Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас е подготвен да ја поддржи одлуката за исфрлање на Барселона од Примера, доколку клубот биде прогласен за виновен пред судот за „случајот Негреира“.
Барса докажа дека нема ништо незаконско во случајот што би влијаело на резултатите на теренот, но последниот збор ќе го има судот. За Тебас не би било чудно исфрлањето на каталонскиот гигант и би ја поддржал одлуката.
„Долг е патот до носење на судска одлука во овој случај, но одредени однесувања не се објаснети. Сè уште е во фаза на истрага и клубот може да биде прогласен за виновен, како и директорите. Апсолутно се е можно”.
Дали си доволно храбар да кажеш дека Барселона ќе испадне?
„Доколку судот одлучи така, тогаш да. Се е до судот, како што беше случај со Елче пред неколку години. Санкциите не се моја одговорност”.
Потоа Тебас продолжи со анализа финансиската состојба на каталонскиот клуб.
„Барселона ја „повредува“ Ла Лига поради финансиската состојба. Не можеме да имаме клуб кој должи 700 милиони на државата и 100 милиони на играчите, како што тоа беше случај претходно. Јас не го сакам тоа. Барса направи одлична работа со намалувањето на платите, но има уште многу да се направи“.
Тебас никогаш не криел дека е навивач на Реал Мадрид. Сепак, тој тврди дека нема фанатизам.
„Да, јас сум навивач на Реал Мадрид, но одамна не сум толку фанатичен“, рече тој.
Foto/ EPA