
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес со епицентар на територијата на Република Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје.
Според официјалните податоци, земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од ML4.6.
Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV до V степени, додека во останатите делови од државата со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

