Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Ffm.webp.webp
300x250 opst2

Дербито меѓу Шкендија и Вардар кое требаше да се игра на 18 октомври годинава е одложено. Одложени се сите останати фудбалски мечеви тој период поради локалните избори кои ќе бидат во Македонија на 19 октомври (прв круг).

Од Министерството за внатрешни работи (МВР), стигна препорака дека во периодот од 14 до 20 октомври да се минимизираат спортските активности во земјата.


Од ФФМ веднаш ја прифатиле препораката и мечевите кои требаше да се играат во следното 10. коло се одложени.

Според планираното, на 17 октомври требаше да играат: Силекс – Пелистер, Струга – Брера, а за 18 октомври беа закажани дуелите: Работнички – Македонија ЃП и Шкендија – Вардар. На 20 октомври требаше да се сретнат Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими.

Откажани се и останатите фудбалски активност

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај