Утрински Весник
Свет

Прва жртва во катастрофалните пожари во Австралија

20260109092831 big 730x400 29.webp.webp

Најмалку едно лице загина во шумските пожари кои продолжуваат да беснеат низ австралиската сојузна држава Викторија, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата во Викторија потврди дека се пронајдени човечки останки во областа погодена од пожарот во Лонгвуд, на околу 100 метри од едно возило, откако службите успеале да пристапат до опожарениот терен.

Досега се изгорени повеќе од 350.000 хектари земјиште, а уништени се над 300 објекти. Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, изјави дека во државата се активни 32 пожари, од кои 10 се големи жаришта. Таа предупреди дека „најлошото сè уште не е поминато“.

Австралиската Влада вети пакет поддршка од 19,5 милиони австралиски долари (околу 13 милиони американски долари) за погодените од катастрофата. Премиерот Ентони Албанезе порача дека поддршката вклучува еднократна помош за закрепнување и средства за сточна храна за земјоделците.

Истовремено, на северот на земјата, илјадници луѓе во државата Квинсленд се без електрична енергија поради силни ветрови и дожд предизвикани од тропскиот циклон „Коџи“. Премиерот на Квинсленд, Дејвид Крисафули, предупреди дека ризикот од поплави останува висок во наредните денови.

Можете да прочитате

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд

Германија бара меѓународно сојузништво за литиум и кобалт за да ја намали зависноста од Кина