Утрински Весник
Свет

Прва средба Макрон – Сунак, утре на маргините на „COP27“ во Египет

Прва средба Макрон – Сунак, утре на маргините на „COP27“ во Египет

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе се сретне со британскиот премиер, Риши Сунак на маргините на Конференцијата на ОН за климата („COP27“) во Египет и тоа ќе биде нивна прва средба, соопштија од Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

На крајот на октомври Макрон имаше телефонски разговор со новиот конзервативен премиер. Тогаш британските власти објавија дека Макрон и Сунак се договориле повеќе да соработуваат во борбата против илегалното преминување на Ла Манш.

По периодот на напнатост меѓу Лондон и Париз, се чини дека новата влада на Сунак има посмирувачки тонови кон Франција.

Сунак ја подвлече важноста на односите меѓу Велика Британија и Франција, како два соседи и два сојузници, а Макрон рече дека е подготвен да ја продлабочи билатералната соработка во областа на одбраната, стратешките прашања и енергетиката.

И двајцата се во Шарм ел Шеик, каде што денеска започна Конференцијата на ОН за климата.

Можете да прочитате

Бројот на жртви во несреќата во Шпанија порасна на 41

Кина: Трамп нè покани во Комитетот за мир

 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија